19/09/2008
АНКАРА, Турција -- Армијата во четвртокот (18-ти септември) го објави апсењето на петмина поручници и еден кадет, првите активни воени офицери, наводно, вклучени во сомнителната сепаратистичка група Ергенекон, која се соочува со обвиненија за планирање државен удар. Властите досега уапсија 90 лица. Тие, исто така, во четвртокот ја приведоа актерката Нурсели Идиз и агентот за таленти Сејхан Сојлу. Случајот со Ергенекон започна откако полицијата откри скриени рачни гранати во јуни 2007 година во една куќа во Истанбул, во сопственост на пензиониран подофицер. Гранатите одговараа на оние што биле употребени во нападите врз истанбулските канцеларии на весникот Чумхуријет во 2006 година. (Сабах, Хуријет, Милијет, Радикал - 19/09/08; Ројтерс, СНН Турк, НТВ, новинска агенција Анадолу - 18/09/08)