Бабаџан вели дека Турција ќе ја направи ЕУ посилна

16/09/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Tурскиот министер за надворешни работи, Али Бабаџан, во понеделникот (15-ти септември) рече дека членството на Турција ќе го зајакне дипломатското и политичкото влијание на ЕУ. „Со Турција како своја членка, ЕУ ќе има водечка улога во светот“, изјави тој на прес-конференцијата по состанокот на Тројката Турција-ЕУ во Брисел. Бабаџан додаде дека Турција ги исполнила своите ветувања усвојувајќи скоро 30 проевропски мерки и ќе продолжи да го прави тоа. На прес-конференцијата беше присутен и комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, кој рече дека Унијата уште еднаш ја призна стратешката важност на Турција за време на неодамнешниот конфликт во Грузија.

Пред состанокот на Тројката, Бабаџан се пожали дека ЕУ многу бавно ги води разговорите за пристап со Турција, отворајќи само две од вкупно 35 поглавја за време на шестмесечниот претседателски мандат. (Заман, новинска агенција Анадолу - 16/09/08; новинска агенција Анадолу, Хуријет, Тркиш дејли њус, Тркиш прес - 15/09/08)