16/09/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Владини водачи рекоа дека иницијативата на Србија да го праша Меѓународниот суд на правдата дали еднострано прогласената косовска независност е легална, ќе пропадне. „Јасно им е на сите дека Косово е независна и суверена држава призната од 46 земји од целиот свет. Процесот на признавање продолжува и нема враќање назад“, рече премиерот Хашим Тачи во понеделникот (15-ти септември) пред 63-тото Генерално собрание на ОН во вторник во Њујорк. На агендата е и иницијативата на Србија. Претседателот на парламентот, Јакуп Красниќи, се согласи, велејќи дека „политичката активност во Косово се развива во согласност со меѓународното право“. Подоцна во понеделникот Самоа стана 47-мата земја што ја призна независноста на Косово. (Зери, Експрес, Коха Диторе, Лајм, Телеграфи - 16/09/08; РТК, РТС, Танјуг, Бета - 15/09/08)