Хрватската полиција уапси осомничен воен злосторник кој го бара Србија

16/09/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Полицијата во понеделникот (15-ти септември) го објави апсењето на Мухамед Бркиќ, кого Србија го обвини за воени злосторства во Тузла во 1992 година. Полицијата го уапси Бркиќ (41) во петокот, на плажа во близина на Макарска, и го предаде на сплитскиот окружен суд. Бркиќ призна дека има исто име како бегалецот, но рече дека тој починал пред три години. Судијата Давор Свалин се посомнева и нареди тој да остане во притвор 40 дена. Бркиќ, поранешен припадник на т.н. кризен штаб во општина Тузла, се бара за поврзаност со случајот Тузланска колона, во кој 200 припадници на Југословенската народна армија починаа, а околу 140 беа повредени. (Tанјуг, Б92, Дневни аваз, 23 Сата, Наслови - 15/09/08)