07/09/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Полицијата во југозападна Бугарија заплени 2,4 тони марихуана во најновата серија рации за дрога, објави во петокот (5-ти септември) Министерството за внатрешни работи. Дрогата беше запленета на полиња околу градовите Благоевград, Петрич, Сандански и Гоце Делчев, долго време познати по одгледувањето канабис. Рациите во регионот во август доведоа до конфискација на скоро шест тони марихуана. (БТА, Дарик, БНР, НЕТинфо, АФП - 05/09/08)