Илјадници луѓе протестираа против економската политика во Грција

07/09/2008

АТИНА, Грција -- Повеќе од 10.000 луѓе се собраа во северниот грчки град Солун во саботата (6-ти септември), протестирајќи против владината економска политика. Митингот го организираше Генералната конфедерација на работниците на Грција. Демонстрантите маршираа низ градот додека премиерот Костас Караманлис го одржуваше својот годишен говор за економијата, на отворањето на Меѓународниот трговски саем во Солун. Некои демонстранти фрлаа домашно направени бомби, а голем број дуќани беа оштетени. Полицијата употреби солзавец за растерување на толпата и уапси 10 лица. Покрај ова, четири лица беа лесно повредени во судирите помеѓу две ривалски групи демонстранти. (Катимерини, In.news, Нафтемборики, ДПА - 07/09/08; AНА-МПА, ЕРТ, СКАИ, АП, АФП - 06/09/08)