07/09/2008
АНКАРА, Турција -- Во експлозија во петокот (5-ти септември) во југоисточната провинција Сирнак загинаа двајца турски војници, објавија локалните власти. Војниците загинале кога експлозивите поставени од милитантите на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) експлодирале во близина на селото Гунејчам во Сирнак. Истиот ден во експлозија на нагазна мина поставена од терористите на ПКК загина еден турски војник во градот Јукшекова во југоисточната провинција Хакари, објави Генералштабот на својата веб-страница.
Во саботата во судири со терористите на ПКК загина еден турски водник, а беа повредени двајца други војници во градот Бајкан во југоисточната провинција Сиирт.
Во другите вести, турските воздухопловни сили во петокот објавија дека во третата Главна авионска база во централната провинција Коња ќе се одржи меѓународна вежба на военото воздухопловство, од понеделник (8-ми септември) до 19-ти септември. Борбени авиони од Турција, Соединетите Држави, Италија, Израел и НАТО ќе учествуваат на вежбата, се вели во соопштението. (новинска агенција Анадолу, СНН Турк, НТВ, Ксинхуа - 05/09/08)