Тринаесет лица загинаа, а 30 други се повредени во автобуска несреќа во Хрватска

07/09/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Во автобуска несреќа рано во неделата (7-ми септември) во Хрватска загинаа најмалку 13 лица, а други 30 беа повредени, објавија локалните власти. Несреќата се случи во близина на градот Госпиќ на автопатот што го поврзува Загреб со пристанишниот град Сплит. Портпаролката на полицијата, Кристина Маодус, рече дека автобусот имал словачки регистарски таблички, но националноста на патниците не беше веднаш позната. (ХИНА, ХРТ, АФП - 07/09/08)