Случајот на Главаш ја загрижи ЕУ за хрватското судство

07/09/2008

ЗАГРЕБ, Хрватска -- Незадоволството на ЕУ од судскиот систем на Хрватска би можело да претставува голема пречка во преговорите за пристап, објавија медиумите во петокот (5-ти септември), цитирајќи извори во Брисел. Хрватскиот преговарачки тим во Брисел, наводно, добил писмо од ЕУ во кое се критикува начинот на кој се решаваат случаите на воени злостроства и другите судски прашања. Брисел е особено незадоволен од судењето на Браминир Главаш и шестмина други обвинети за воени злосторства. Судењето е одложено и ќе мора да започне од почеток по вторпат, поради процедурални причини.

Во саботата, пак, шефот на делегацијата на Европската комисија во Подгорица ја пофали Црна Гора како регионален водач во процесот на интеграција во ЕУ. „Ова значи дека шансите на Црна Гора за пристап во ЕУ се многу добри“, рече Леополд Маурер. (Бета, Вечерњи лист, Б92 - 05/09/08)