07/09/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Кампањата за локалните избори во Босна и Херцеговина (БиХ) официјално започна во петокот (5-ти септември). Истата ќе трае до 4-ти октомври, кога ќе започне 24-часовниот предозборен молк, пред гласањето на 5-ти октомври. Вкупно 29.043 потврдени кандидати, кои претставуваат 80 политички партии и независни групи, ќе се борат за позициите во 149 општини. Бројот на регистрираните гласачи е 3.024.127.
Централната изборна комисија и високиот претставник Мирослав Лајчак истакнаа дека имаат на располагање широк опсег санкции, со цел да се спречи евентуален политички радикализам. Делегација на Советот на Европа ќе пристигне во земјата на 2-ри октомври за да го следи предизборниот процес. (БИРН, Фена, РТРС, Дневни аваз - 05/09/08)