07/09/2008
АНКАРА, Турција -- Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во петокот (5-ти септември) се состана со турскиот министер за надворешни работи, Али Бабаџан, на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Франција. Рен го советуваше Бабаџан дека неговата земја треба да продолжи со полна пареа во спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ, сега кога владата го преживеа случајот пред уставниот суд за нејзино затворање.
„Ние ја повикавме Турција да го реформира законот за политичките партии под итно, со цел да избегне ваков вид тешки политички кризи во иднина“, им рече Рен на новинарите по состанокот. Тој и Бабаџан, исто така, разговараа за конфликтот во Грузија и турскиот предлог за воспоставување платформа за кавкаска соработка и стабилност, како и своите напори да посредуваат во израелско-сириските мировни разговори. (Хуријет, Заман, Милијет, Ројтерс - 06/09/08)