05/09/2008
ЉУБЉАНА, Словенија -- Владата ќе отпочне законска постапка против фински телевизиски канал кој објави наводи за корупција против премиерот Јанез Јанша, објавија медиумите во четвртокот (4-ти септември). Владата ќе поднесе тужба за клевета против финската телевизија ЈЛЕ и нејзиниот новинар Магнус Берглунд, кој го обвини Јанша за примање мито во висина од неколку милиони евра за да помогне во постигнувањето договор помеѓу словенечката војска и финскиот производител на оружје Патрија за продажбата на 135 оклопни транспортери. Јанша ги отфрли обвинувањата велејќи дека се „сосема неточни и апсурдни“. (СТА, Б92, Поп ТВ - 04/09/08)