05/09/2008
ТИРАНА, Албанија -- Нов контингент од 120 војници замина за Ирак во четвртокот (14-ти септември), со што вкупниот број на албански војници таму е 240. Новиот контингент ќе помогне во одржувањето на мирот и безбедноста во Мосул и Багдад. „Албанија е горда со своите мировници и својата соработка со САД“, рече премиерот Сали Бериша на церемонијата на испраќање, додавајќи дека мировните сили се важни за НАТО аспирациите на Албанија.
Во другите вести од четвртокот, земјоделците низ целата земја поднесоа тужба против претпријатие што им продало семе за пченка, барајќи надоместок за финансиската штета. Некои земјоделци се жалат дека изгубиле хектари реколта по садењето на семињата. Албанското трговско претпријатие Агро вели дека го увозло семето од француско претпријатие кое е едно од најголемите снабдувачи во Европа. (Газета шкиптаре, Твш, Балканвеб, Ксинхуа - 05/09/08; Tоп ченал, Балканвеб, Клан, Алсат - 04/09/08)