05/09/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Правната комисија на сенатот во четвртокот (4-ти септември) усвои амандман на законот за назначување обвинители, објавија локалните медиуми. Според амандманот, претседателот повеќе нема да ги назначува главните обвинители во Антикорупциското обвинителство, Одделот за организиран криминал и тероризам и Обвинителството на Високиот суд на правдата. Наместо тоа, Врховниот судски совет ќе биде задолжен за овие номинации. Амандманот, исто така, предвидува главните обвинители и нивните заменици да бидат назначени само ако биле активни како обвинители или судии најмалку десет години. Амандманот следно оди на одобрување пред целиот сенат. (Адеварул, Евениментул зилеи - 05/09/08; Медиафакс, Хотњус - 04/09/08)