Турција вети поддршка за суверенитетот на БиХ

05/09/2008

АНКАРА, Турција -- Претседателот Абдула Ѓул вети поддршка од неговата земја за суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина (БиХ), објавија медиумите во четвртокот (4-ти септември). Во средата Ѓул се состана со претседателот на претседателството на БиХ, Харис Силајџиќ, кој се наоѓа во официјална посета на Турција. На заедничката прес-конференција по состанокот Ѓул истакна дека Турција е влијателна членка на Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот, меѓународно тело задолжено за спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор за БиХ. Тој го поздрави како „многу значаен настан“ договорот за партнерство потпишан помеѓу БиХ и ЕУ во јуни и интензивираниот дијалог со НАТО по априлскиот самит во Букурешт. (новинска агенција Анадолу, Милијет, Вата, Заман, Хуријет - 04/09/08)