05/09/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Силите на НАТО во четвртокот (4-ти септември) го претресоа домот на осомничениот сорабоник на командантот на армијата на босанските Срби Ратко Младиќ во градот Рогатица, Република Српска (РС). Штабот на НАТО во Сараево потврди дека го претресол домот на Петар Јесиќ, пензиониран армиски полковник на армијата на РС, барајќи дополнителни информации за тоа каде се наоѓа Младиќ. Операцијата беше спроведена во согласност со овластувањата на НАТО за помош на Хашкиот трибунал во потрагата и апсењето на осомничените за воени злосторства. Алијансата потврди дека секој кој има информации што можат да водат до локацијата и до апсење на хашките бегалци ќе имаат право на награда. (РТРС, Танјуг, Б92 - 04/09/08)