Рен вели дека на Скопје му требаат повеќе реформи за да ги започне разговорите за пристапување

05/09/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, во четвртокот (4-ти септември) рече дека Македонија мора да вложи значителни напори пред да може да ги започне разговорите за пристап. Македонија постигна јасен напредок кон исполнувањето на осумте Копенхашки критериуми потребни пред да започнат разговорите за членство, но има уште работа што мора да ја заврши, рече Рен на прес-конференцијата по состанокот со македонскиот вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски, во Брисел. Критериумите се однесуваат на зајакнувањето на демократијата, усвојувањето на закон за полицијата, справување со корупцијата, спроведување на судските и административните реформи, како и реформа на бизнис секторот и пазарот на трудот. „Ова се основните услови за создавање едно вистинско европско општество“, истакна Рен. Тој посочи дека слабата точка на Македонија е деветтиот критериум -- одржувањето слободни избори. (Дневник, Вечер, Утрински весник - 05/09/08; Maкфакс, МИА, А1, Бета, АФП - 04/09/08)