Поранешниот романски министер за транспорт поднесе оставка од парламентот поради скандалот со мито

04/09/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Поранешниот министер за транспорт, Мирон Митреа, во средата (3-ти септември) ја објави својата оставка од долниот дом на парламентот, дозволувајќи истрагата по наводите за корупција против него да продолжи. Пратеникот на Социјалдемократската партија рече дека одлучил да се повлече откако долниот дом го отфрли барањето на обвинителството за отпочнување кривична истрага против него и поранешниот премиер Адријан Настасе. Митреа рече дека оставката е единствениот начин за него да излезе „чесно“ наместо „да се крие зад својот имунитет“. Обвинителите го обвинија за мито и незаконско примање градежни материјали за два имоти, кога бил министер за транспорт помеѓу 2001 и 2004 година. (Евениментул Зилеи, Nine O'clock - 4/09/08; Meдиафакс, Зиаре, Реалитатеа ТВ - 03/09/08)