Хашката пресуда против Делиќ се очекува следниот понеделник

04/09/2008

ХАГ, Холандија -- Трибуналот на ОН за воени злосторства во средата (3-ти септември) објави дека пресудата во судскиот процес против поранешниот командант на армијата на Босна и Херцеговина (БиХ), Расим Делиќ, ќе биде донесена на 15-ти септември. Делиќ, еден од највисоките муслимански функционери што се појавил пред Трибуналот, е обвинет дека не ги спречил воените злосторства на единиците на муџахедините под негова команда помеѓу 1993 и 1995 година. Според обвинението, Делиќ дозволил неговите војници да силуваат, да вршат тортура и да убијат десетици Хрвати и Срби во Босна и Херцеговина. (Taнјуг, Б92, Ројтерс - 03/09/08)