04/09/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Владата во средата (3-ти септември) призна дека на нејзините институции им треба повеќе време за да ја воспостават власта над цело Косово, особено северниот дел, со претежно српско население. „Наша обврска и должност е да го сториме тоа, но да не создаваме илузии меѓу граѓаните дека можеме да го направиме многу брзо“, рече вицепремиерот Хајредин Куци.
Тој, исто така, ја минимизираше иницијативата на Србија да побара мислење од Меѓународниот суд на правдата (МСП) за косовското прогласување независност од Србија во февруари. „Овој потег е осуден на пропаст. Србија се обиде да го уништи Косово, но нашата земја ќе се развие независно од Србија“, рече Куци во средата. Минатиот месец српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, поднесе предлог-резолуција до Генералното собрание на ОН, барајќи мислење од МСП за законитоста на еднострано прогласената независност на Косово. (Коха диторе, Зери, Лајм - 04/09/08; Лајм, Бета, Танјуг - 03/09/08)