ПСД ќе одржи вонреден конгрес за да избере кандидат за премиер

03/09/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Најголемата опозициска партија, Социјалдемократската партија (ПСД), ќе одржи вонреден конгрес на 27-ми септември, на кој ќе го избере својот кандидат за премиер, објавија весниците во вторникот (2-ри септември). Портпаролот на партијата, Кристијан Диаконеску, рече дека ПСД ќе ја објави и заедничката владина платформа со својот политички сојузник, Конзервативната партија. Минатата недела водачот на ПСД, Мирчеа Џоана, рече дека тој „сака и може“ да биде премиер, иако вратите изгледаат отворени и за другите кандидати. (Eвениментул зилеи, Адеварул, Nine O'Clock - 02/09/08)