Додик предупреди за понатамошната централизација на БиХ

03/09/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик предупреди за обидите за понатамошна централизација на БиХ и пренесување на надлежностите од РС на државно ниво, објавија медиумите во вторникот (2-ри септември). Додик рече дека не ја доведува во прашање БиХ во своите рамки од Дејтонскиот договор, но додаде дека РС нема да дозволи обиди за одземање на нејзините сегашни надлежности. Неговиот коментар беше одговор на извештаите на медиумите дека две бошњачки организации -- Конгресот на северноамериканските Бошњаци и Бошњачкиот совет -- започнале кампања за донесување амандмани на Дејтонскиот договор со цел поголема централизација. (Танјуг, РТС, Фена, Б92 - 02/09/08)