Тадиќ ќе се заложи за брзо членство во ЕУ

03/09/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Делегација предводена од претседателот Борис Тадиќ во среда (3-ти септември) отпатува за Брисел, на разговори околу пристапот на Србија во ЕУ. Тадиќ, во придружба на премиерот Мирко Цветановиќ, вицепремиерот Божидар Ѓелиќ и министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, вели дека ќе ги разгледа начините за забрзување на процесот.

„Основно е да се искористат бенефициите од она што го достигнавме досега со сите изборни процеси во Србија и формирањето на новата влада, создавајќи патоказ за земјата да стане членка на ЕУ што е можно поскоро“, рече Тадиќ во средата. Тој додаде дека е важно за Србија да го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ брзо за да добие кандидатски статус, што ќе овозможи пристап до фондовите за развој на ЕУ. Апсењето на обвинетиот за воени злосторства на ОН, Радован Караџиќ, во јули и неговата екстрадиција во Хашкиот трибунал е еден од најдобрите показатели за напредокот на Белград, рече Тадиќ. (Б92, ФоНет, Танјуг, АФП - 02/09/08)