Идниот претседавач на ЕУ очекува Хрватска да пристапи во Унијата во 2009 година

03/09/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Чешката Република очекува да ги придвижи разговорите за членство во ЕУ со Хрватска во последната фаза за време на своето претседателствување со ЕУ, кое започнува во јануари, изјави во вторникот (2-ри септември) чешкиот вицепремиер Александар Вондра. „Ние очекуваме да се придвижиме во последната фаза од разговорите барем со Хрватска“, изјави Вондра на прес-конференцијата во Брисел. Тој рече дека е реален во очекувањата разговорите да бидат успешно завршени под чешкото или шведското претседавање со ЕУ во 2009 година. „Хрватска, се разбира, ќе мора да ги забрза [своите напори]“, додаде тој.

Во меѓувреме, изјавата на актуелниот претседавач со ЕУ, Франција, покажа дека Албанија ќе мора да почека за кандидатски статус во ЕУ. „Овој регион мора да работи повеќе. Во моментов ние работиме повеќе со Хрватска и Србија“, медиумите ја цитираа изјавата на францускиот државен министер за европски прашања. (ХИНА, Вечерњи лист, Ројтерс, ЕУОпсервер, ЦТК, Топ ченал, Телеграфи, Клан, Алсат - 02/09/08)