Шумски пожар уништи куќи во Македонија

01/09/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Шумски пожар во близина на Дојранското Езеро уништи пет куќи во областа во саботата (30-ти август), но властите не објавија човечки жртви. Пожарникарите успеаја да го стават пожарот под контрола во неделата. Локалните жители се приклучија на операцијата, додека соседна Грција, исто така, понуди помош. Уништените куќи се наоѓаа во туристичката населба Нов Дојран, околу 130 километри јужно од Скопје. Камион кој се запалил во близина на Нов Дојран бил извор на пожарот. (Maкфакс, МИА, А1, Бета, Б92 - 31/08/08)