01/09/2008
КАБУЛ, Авганистан -- Во експлозија во неделата (31-ви август) во Авганистан загина еден романски војник, а четворица други беа повредени, објави романското Министерство за одбрана. Војниците патролирале на патот Ќалат-Кабул, кога нивното оклопно возило нагазило на импровизирана експлозивна направа, на околу 20 километри од Ќалат. Вкупно осум романски војници загинаа во Авганистан откако Романија започна со распоредување на трупите таму во јули 2002 година. (Meдиафакс, Агерпрес, Реалитатеа ТВ, Зиаре - 31/08/08)