01/09/2008
TИРАНА, Албанија -- Главната опозициска Социјалистичка партија (СП) побара сите левичарски партии повторно да се обединат за да ги зголемат своите шанси на следните парламентарни избори. Високиот партиски претставник Фатмир Џафа во неделата (31-ви август) рече дека СП останува отворена за дијалог и соработка со другите опозициски партии со цел да се постигне заедничка позиција и да се создаде обединет фронт. (Шекули, Шкип - 01/09/08; Aлсат, Вижн +, Клан - 31/08/08)