Србија ќе испитува осомничен воен злосторник од Втората светска војна

01/09/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Обвинителите за воени злосторства на земјата собраа доволно податоци за да отпочнат истрага за Питер Егнер, поранешен офицер на Гестапо кој живее во Соединетите Држави и кој, наводно, убил илјадници цивили за време на Втората светска војна. „Во соработка со Канцеларијата за прашањата на воените злосторства при американскиот Стејт департмент и Американската амбасада во Белград, ние најдовме доволно информации за да ја оправдаме истрагата“, рече Бруно Векариќ, портпарол на српската канцеларија за воени злосторства, во саботата (30-ти август). Канцеларијата веќе поднесе иницијатива до Белградскиот окружен суд за отпочнување истрага за Егнер, под сомневање дека извршил геноцид и други воени злосторства. Обвинителите велат дека како офицер на Гестапо во 1941 и 1942 година Егнер формирал и работел во неколку концентрациони логори во Белград и бил вклучен во убиствата на Евреи и други цивили, вклучително и жени и деца. Српските медиуми објавија дека тој е одговорен за смртта на околу 17.000 цивили. (Катимерини - 31/08/08; Б92, AФП, АП - 30/08/08)