Четворица турски војници и двајца милитанти на ПКК загинаа во судирите во Турција

01/09/2008

АНКАРА, Турција -- Воени извори велат дека припадници на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) убиле четворица турски војници и повредиле четворица други во југоисточна Турција рано во неделата (31-ви август), за време на нападот на стражарницата на армијата во провинцијата Бингол. Двајца сепаратисти на ПКК загинаа во борбите по нападот, објавија медиумите. Безбедносните сили започнаа операција за фаќање на оние припадници на ПКК што успеаја да избегаат. (Хуријет, новинска агенција Анадолу, новинска агенција Доган, НТВ, АП, РИА Новости - 31/08/08)