Сејдиу вели дека Косово се придржува на меѓународните стандарди

01/09/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Претседателот Фатмир Сејдиу во неделата (31-ви август) рече дека не е загрижен од иницијативата на Белград со која се доведува во прашање законитоста на еднострано прогласената независност на Косово пред Меѓународниот суд на правдата (МСП). „Не сум загрижен за случајот пред МСП. Ние го искористивме своето право да бидеме независна држава, во согласност со меѓународните стандарди“, рече Сејдиу. Отфрлајќи ја иницијативата како продолжување на реториката на Белград, Сејдиу рече дека ниту една земја со здрав разум нема да поддржи еден ваков потег. Во август Србија официјално поднесе барање до Генералното собрание на ОН за советничка пресуда од страна на МСП во врска со законитоста на независноста на Косово. (Зери, Експрес - 01/09/08; РТК, Телеграфи - 31/08/08)