УСАИД вели дека корупцијата е сé уште проблем во Албанија

29/08/2008

ТИРАНА, Албанија -- Корупцијата сé уште останува проблем во Албанија и владата треба да стори повеќе за да се избори против истата, рече Едвард Ландау, директор на мисијата на УСАИД во земјата. „Потребни се повеќе напори за намалување на корупцијата, да им се дозволи на бизнизмените да се регистрираат без проблем и на граѓаните да плаќаат даноци електронски без да имаат врски со даночните агенти, кои може да побараат мито“, рече Ландау во четвртокот (28-ми август) во едно телевизиско интервју.

Во меѓувреме, премиерот Сали Бериша се појави во видео реклама во која се повикува јавноста да се бори против корупцијата и митото во администрацијата. Тоа е првпат ова да го стори некој албански премиер. (ТВШ, Њус 24, Балканвеб, Шкип - 29/08/08)