29/08/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Обвинителството на судот за воени злосторста соработува интензивно со Норвешка и Шведска во врска со случаите на воени злосторства врз Србите во Босна за време на 1990-тите, рече во четвртокот (28-ми август) портпаролот Бруно Векариќ. Соработката ги покрива истрагите за злосторствата што се извршени врз српски цивили во затворот во Дретељ, јужна Босна во 1992 година, рече Векари. Тој додаде дека соработката со норвешките власти започна во март 2007 година, кога беше започната истрага против Мирсад Репак, сега норвешки државјанин. Обвинет за воени злосторства врз српските затвореници во Дретељ, неговото судење беше отворено во средата во Норвешка. (Бета, Б92, Танјуг - 28/08/08)