Косовскиот министер за надворешни работи се состана со делегација на ММФ на разговори за членство

29/08/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Министерот за надворешни работи, Скендер Хисени, во четвртокот (28-ми август) се состана со делегација на ММФ во Приштина, за започнување на процесот на пристап на Косово. Хисени вети целосна посветеност на сите институции во новата држава на исполнувањето на потребните критериуми за членство. Косово аплицираше за членство во ММФ и Светската банка претходно оваа година, по прогласувањето независност во февруари. (РТК, Косовалајв, ТВ 21 - 28/08/08)