Албанија ја критикуваше Русија поради признавањето на Јужна Осетија и Абхазија

29/08/2008

ТИРАНА, Албанија -- Министерството за надворешни работи во четвртокот (28-ми август) ја критикуваше Русија поради нејзината одлука за признавање на Јужна Осетија и Абхазија како независни држави. Во изјавата, исто така, се минимизираат какви било паралели со Косово. Таа го опишува потегот на Москва како „неправеден, неприфатлив и кршење на меѓународното право и резолуциите на ОН“.

Во Њујорк во четвртокот, портпаролката на ОН Мишел Монтас рече дека Јужна Осетија и Абхазија се сосема различни од Косово. „Мислам дека двата случаи не треба да се споредуваат, бидејќи имаат различна позадина“, рече Монтас. (ВОА, ББС, Алсат, Балканвеб - 28/08/08)