Басбуг ја зазеде највисоката позиција во војската на Турција

29/08/2008

AНКАРА, Турција -- Генерал Илекер Басбуг во четвртокот (28-ми август) официјално го замени генерал Јашар Бујуканит на позицијата началник на турскиот Генералштаб. Врховиот воен совет го назначи Басбуг претходно овој месец. На официјалната церемонија на предавање, Басбуг и Бујуканит предупредија за заканите по секуларизмот и ја истакнаа важноста на борбата против тероризмот, објавија локалните медиуми. Басбуг вети дека операциите против членовите на терористичката Курдистанска работничка партија ќе продолжат, како во Турција, така и во северен Ирак. (Милијет, Чумхуријет, Сабах, Заман, Радикал - 29/08/08; Хуријет, СНН Турк, НТВ, новинска агенција Анадолу - 28/08/08)