Словенија ги негираше босанските тврдења за просрпска политика

29/08/2008

ЉУБЉАНА, Словенија -- Министерството за надворешни работи во четвртокот (28-ми август) ги негираше тврдењата на најголемата Партија за демократска акција (СДА) на Босна и Херцеговина дека ги „заладила“ односите со Сараево поради Србија. СДА неодамна ја обвини словенечката влада за „учество во обидите за распарчување на Босна и Херцеговина“. Партијата ги заснова своите тврдења на неодамнешните состаноци помеѓу премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик и неговиот словенечки колега, Јанес Јанша, како и меѓу словенечкиот министер за внатрешни работи, Драгутин Мате, и неговиот колега од РС, Станислав Чаѓо. СДА рече дека овие состаноци се јасен доказ оти Словенија „е просрпска“. Во своето соопштение, словенечкото министерство жестоко ги отфрла овие тврдења, додавајќи дека за време на своето неодамнешно претседателствување со ЕУ, Словенија го поддржал процесот на европска интеграција на БиХ. (Б92, РТРС, Дневни аваз, РТВ Словенија - 28/08/08)