Водачот на кипарските Турци има за цел да го реши кипарското прашање оваа година

29/08/2008

AНКАРА, Турција -- Водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, во четвртокот (28-ми август) ја посети Анкара и рече дека има за цел кипарското прашање да се реши до крајот на годинава. Талат се состана со турскиот претседател Абдула Ѓул, за да ја испланираат стратегијата за преговорите со заедницата на кипарските Грци, кои се закажани за 3-ти септември. „Ние сметаме дека е можно решение во еден краток временски период“, рече Талат на заедничата прес-конференција со Ѓул. Ѓул, од својата страна, ја потврди поддршката на Турција за мировниот процес за повторно обединување и кипарските Турци. „Праведно е да продолжи гаранторскиот статус на [Tурција] и ние инсистираме на тоа“, рече Ѓул. „Не само Турција, туку и Грција е гарант на островот. Ова е меѓународен договор“, додаде тој. (Хуријет, новинска агенција Анадолу, СКАИ, In.news, AНА-МПA - 28/08/08)