Романија ќе одржи избори на 30-ти ноември

28/08/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Владата во средата (27-ми август) одлучи да ги закаже следните парламентарни избори за 30-ти ноември, објавија локалните новински агенции. Според законот, владата мора да одреди датум најмалку 90 дена порано. На својот состанок во средата владата, исто така, одлучи да ги зголеми пензиите за 20 отсто почнувајќи од 1-ви ноември, неколку месеци пред закажаното. (Зиаре - 28/08/08; Meдифакс, Хотњус, Адеварул - 27/08/08)