Црна Гора ќе предложи договор за двојно државјанство

28/08/2008

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Министерот за внатрешни работи, Јусуф Каламперовиќ, во средата (27-ми август) рече дека Црна Гора подготвила предлог-договор за двојно државјанство со земјите на поранешна Југославија. Според предлогот, двојното државјанство ќе биде исклучок: само оние кои го имале пред 3-ти јуни 2006 година, кога Црна Гора прогласи независност, може да го задржат. Двојното државјанство ќе им биде достапно на оние со еден родител кој има државјанство на друга земја, додаде Каламперовиќ.

Белград, исто така, ќе понуди договор за двојно државјанство во следните месеци, според српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Тој рече дека Србија е подготвена да оствари разговори со Црна Гора за прашањето, иако истакна дека Србија има сосема различен поглед на ситуацијата. (РТЦГ, Танјуг, Б92 - 27/08/08)