Грчките синдикати ќе протестираат поради економската политика

28/08/2008

AТИНА, Грција -- Генералната конфедерацијата на работниците на Грција (ГСЕЕ), најголемиот синдикат во земјата, во вторникот (26-ти август) објави дека планира голем митинг на 6-ти септември против владината економска политика. Соопштението уследи како одговор на изјавата на министерот за финансии, Јоргос Алогоскуфис, кој рече дека владата нема планови да ја промени својата економска политика, без оглед на последиците. Во текот на минатата недела, премиерот Костас Караманлис одржа неколку состаноци со претставници на синдикатите и со бизнисмени, каде што потврди дека владата нема да ја одобри „специјалната солидарна субвенција“ за работниците со најниска плата. Протестите предводени од ГСЕЕ ќе се совпаднат со отворањето на Меѓународниот саем во Солун, каде што премиерот традиционално ги објавува економските планови на владата за годината што следи. (Ta Неа, Елефтерос типос - 27/08/08; AНА-МПА, Катимерини- 26/08/08)