28/08/2008
OСЛО, Норвешка -- Судот во Норвешка во средата (27-ми август) го започна сослушувањето во судскиот процес на босанскиот муслиман Мирсад Репак, кој е обвинет за воени злосторства. Репак, поранешен член на хрватските одбранбени сили, наводно извршил злосторства против човештвото, воени злосторства, силување, затворање и тортура врз 18 српски цивили во затворот во Дретељ, јужна Босна, помеѓу мај и октомври 1992 година. Обвинетиот се изјаснил за невин, велејќи дека само ги следел наредбите. Ова е прв случај на воени злосторства во Норвешка од Втората светска војна. (Tанјуг, Б92, АФП, Ројтерс, ББС - 27/08/08)