28/08/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Американската амбасада во Скопје во средата (27-ми август) ги негираше извештаите на медиумите за евентуална иницијатива на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во спорот околу името помеѓу Македонија и Грција. „Американската влада и понатаму го поддржува процесот на преговори спонзориран од ОН и сака прашањето да биде решено што е можно поскоро. Сите наводи дека Соединетите Држави следат различна политика се неосновани“, се вели во соопштението на амбасадата. Во вторникот македонските медиуми објавија дека Рајс ќе претстави план за решавање на спорот околу името на 23-ти септември во Њујорк. (AНА-МПA, In.news, Ta неа, Катимерини, Дневник - 27/08/08; Maкфакс, А1, Балканинсајт - 26/08/08)
Во другите вести од средата, македонскиот парламент едногласно ја усвои резолуцијата за поддршка на бегалците кои пребегаа од грчкиот регион Македонија за време на Втората светска војна и граѓанската војна потоа во Грција. (AНА-МПA, In.news, Ta неа, Катимерини, Балканинсајт - 26/08/08, Дневник - 28/08/08; Maкфакс, А1, Танјуг, Б92 - 27/08/08)