28/08/2008
НИКОЗИЈА, Кипар -- Советниците на водачите на заедниците на кипарските Грци и кипарските Турци во средата (27-ми август) се состанаа на разговори околу процедуралните прашања пред почетокот на директните разговори на 3-ти септември. Но, тие не успеаја да постигнат договор за отворањето нов граничен премин на Лимнитис, на границата помеѓу турскиот северен дел и грчкиот јужен дел од островот. Сепак, напорите се очекува да продолжат за да можат властите да го објават договорот кога кипарскиот претседател Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци Мехмет Али Талат ќе се состанат следната недела. (КНА, Филелефтерот, Фамагуста газете - 27/08/08)