Советниците на кипарските водачи ќе разговараат за деталите пред директните разговори

27/08/2008

НИКОЗИЈА, Кипар -- Советниците на водачите на двете заедници на поделениот остров ќе се состанат во среда (27-ми август) на разговори за преостанатите детали пред директните разговори за повторно обединување. Претседателот на кипарските Грци Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци Мехмет Али Талат ќе се состанат на 3-ти септември. (Филелефтерос - 27/08/08; Заман - 26/08/08)