Поранешниот албански министер за одбрана го пропушти сослушувањето за експлозиите на муниција

27/08/2008

TИРАНА, Албанија -- Поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу во вторникот (26-ти август) не се појави во канцеларијата на обвинителот, каде што требаше да одговори на некои прашања во врска со смртоносните експлозии на муниција на 15-ти март во Гердец. Неговиот адвокат вели дека Медиу бил во посета на Соединетите Држави од лични причини. Обвинителот го одложи сослушувањето за септември. Во јуни Медиу го изгуби имунитетот од кривично гонење по вжештените расправи во парламентот. Тоа им овозможи на обвинителите да ја испитаат неговата улога во експлозиите во Гердец, во кои загинаа 26 лица.

Исто така во вторникот, Министерството за животна средина потврди на прес конференција дека водата во областа околу Гердец и понатаму е контаминирана. Воздухот, пак, се смета безбеден. (Шекули, Шкип - 27/08/08; Балканвеб, Њус 24 - 26/08/08)