27/08/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Бугарските политичари треба да ги здружат своите напори во борбата против корупцијата и организираниот криминал за да одговорат на критиките на нивните европски партнери, рече комесарот за заштита на потрошувачите на ЕУ, Меглена Кунева, во интервјуто за Фајненшал тајмс во вторникот (26-ти август). Според Кунева, од суштинска важност е да се покаже дека Бугарија презема решителни чекори. Сепак, Кунева рече дека во извесен степен е нефер од Европјаните што ја претставуваат Бугарија како земја со раширена корупција. Извештајот на Европската комисија минатиот месец за напредокот на Бугарија содржеше најостри критики досега за една земја-членка. (Дневник, Медиапул, Стандард - 27/08/08; Фајненшал тајмс - 26/08/08)