27/08/2008
ХАГ, Холандија -- Трибуналот на ОН за воени злосторства во вторникот (26-ти август) го одложи судењето на водачот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, додека апелационата комисија не донесе пресуда за барањето на обвинителството. Обвинителите инсистираат на тоа дека Шешељ, кој побара право самиот да се брани, треба да има официјален адвокат кој ќе го застапува. Шешељ во вторникот потврди дека ако се случи тоа, тој нема да учествува на судењето. Обвинителот Дарил Мендис во вторникот рече дека судењето не може да продолжи додека „не се одговорат прашањата за заплашувањето на сведоците и додека не биде решено прашањето на одбраната“. Одложувањето се случи и покрај претходната одлука на судската комисија да не се одложува судската постапка, која требаше да продолжи во вторник. (Бета, Б92, РТС - 26/08/08)