БиХ го обвини Томиќ за геноцид

27/08/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Обвинителите за воени злосторства во вторникот (26-ти август) го објавија обвинението на Зоран Томиќ за геноцид, кое произлегува од неговата улога во масакрот во Сребреница во јули 1995 година. Томиќ (37), познат и како Згембо, беше уапсен на почетокот од јуни во близина на градот Зворник во источна БиХ. Тој беше припадник на специјалната полициска единица во Република Српска која беше активна во регионот на Сребреница. Според обвинението, како член на единицата, тој учествувал во операциите чија цел била депортирање на муслиманите од селата во регионот на Сребреница и фаќање илјадници муслимански мажи и момчиња, кои се обиделе да избегнат затворање. Томиќ, исто така, наводно, учествувал во убиствата на околу 1.000 муслимани во едно складиште. (Бета, Б92, Ројтерс - 26/08/08)ч