27/08/2008
БЕЛГРАД, Србија -- И покрај големиот чекор што го направи Србија од својата страна со апсењето на воениот политички водач на босанските Срби Радован Караџиќ, ЕУ не треба да дозволи понатамошен напредок во интеграцијата на Србија во ЕУ додека не го уапси бегалецот обвинет за воени злосторства Ратко Младиќ, рече во вторникот (26-ти август) известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин. Пред посетата на Белград, Кацин рече дека без оглед на разговорите што тој ќе ги има во Србија, неговиот извештај за напредокот на земјата ќе повика на целосно исполнување на обврските на Хашкиот трибунал за воени злосторства. Спроведувањето на привремениот Договор за стабилизација и асоцијација помеѓу Србија и ЕУ започнува дури по проценката на соработката на земјата со Хаг. Кацин, исто така, скептично реагираше на неодамнешниот коментар на вицепремиерот Божидар Ѓелиќ, според кој Србија ќе биде подготвена за пристап во ЕУ во 2014 година. Кацин рече дека е премногу рано да се шпекулира за евентуалниот датум за влез. (Б92, Бета, Блиц, Танјуг - 26/08/08)