Белградската полиција уапси двајца осомничени дека обезглавиле момче

25/08/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Полицијата во неделата (24-ти август) уапси две лица, осомничени за бруталното убиство на 24-годишниот Смаил Тариќ, чија глава беше пронајдена на тротоар во Белград. Осомничени се Валибор Бакиќ (24) од Црна Гора и Милош (24) од Белград. Властите покренаа кривично обвинение против Даница Тодоровиќ (20) за нелегално поседување оружје и експлозиви, пронајдени во нејзиниот стан. (Прес, Политика - 25/08/08; Бета, Б92, Блиц - 24/08/08)